Dejan Maksimoviç
09 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
ПРИШТИНА (АА) - Винченцо Грасо, портпаролот на КФОР, се огласи по повод денешните случувања на Косово. Во соопштението нагласи дека КФОР работи во координација со институциите на Косово и косовската полиција за да се обезбеди безбедност за српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Што се однесува на протестите на патот кон селото Бање, КФОР е во близок контакт со косовската полиција за да ги отстранат блокадите и повторно да воспостават слободно движење. КФОР настојува да го направи тоа на мирен начин, но е подготвен да интервенира во согласност со својот мандат, како трет одговор, доколку тоа биде потребно“, се вели во соопштението на КФОР.