Agim Sulaj
14 Ноември 2024•Ажурирај: 14 Ноември 2024
ПРИШТИНА (АА) – Лекарите од Универзитетскиот клинички центар на Косово го спасија животот на 11-годишно момче отстранувајќи му шаховска фигура од респираторните патишта, пренесува Анадолу.
Како што соопштија од Клиничката и универзитетска болничка служба, кај детето се појавиле компликации откако во дишните патишта му влегла шаховска фигура.
„Детето најпрво е донесено од членовите на семејството во Универзитетскиот клинички центар, со изразени потешкотии во дишењето и кислородна сатурација 69. Од Итната клиничка служба, дадена му е кислородна терапија, и е пренесено на Клиниката за оториноларингологија при клиничкиот центар, каде се врши трахеобронхоскопија со ригиден бронхоскоп и отстранување на туѓото тело (шаховска фигура) од долните дишни патишта“, се наведува во соопштението.
Од Клиниката соопштија дека оваа интервенција била многу тешка поради големината на туѓото тело и неговата положба во дишните патишта.