Admir Fazlagic
14 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Магливото време и загадениот воздух во Скопје денеска ја попречува видливоста, а граѓаните на различни начини се обидуваат да се заштитат од загадениот воздух, јавува Anadolu Agency (AA).
Видливоста е значитело намалена, а граѓаните со заштитни маски се обидуваат да се заштитат од загадениот воздух и густата магла. Добар дел од нив, и покрај студеното време како превозно средсво ги користат своите велосипеди, за да придонесат за намалувањето на загаденоста на воздухот.
Мерните станици на Министерството за животна средина, во скопското подрачје покажуваат енормно загадување на воздухот. Многу виско ниво на ПМ10 честичките има кај Ректорат 395 микрограми на метар кубен, Карпош 383, Центар 316, Лисиче, 291 и Гази Баба 261.
Исто така, маглата ја попречува и видливоста. Според информации од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), поради маглата видливоста на автопатот Скопје-Катланово е намалена на 50 до 100 метри. Градскиот и приградскиот сообраќај во главниот град, како и меѓуградскиот превоз, засега се одвиваат непречно со вообичаено доцнење за овој период од годината.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека денеска преовладува променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини со појава на магла, а особено густа магла има во скпоската котлина.