Abdula Berisha
17 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
СКОПЈЕ
Стопанската комора Македонија - Турција (МАТТО) ги врачи хуманитарните пакети со храна и средства за хигиена на 200 семејства кои имаат потреба од ваков вид на поддршка, особено во сегашните услови на пандемијата од коронавирусот и во пресрет на светиот месец Рамазан, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на МАТТО стои дека пакетите се врачени на семејства од рурални средини, валандовските села Калкова, Казандол, Чаликли, Дедели, Пиристан, Бахчебос, Кочулу, Дојран и околните села Ѓопчели, Хасанли и Куртхамзали и селата во општина Струмица, Орманли, Мемишли и Дорломбос.

Претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, рече дека членките на Стопанската комора Македонија - Турција, активно се ангажирани во поддршка на јавното здравство, бизнисите и населението во услови на пандемијата, а во рамките на општествена одговорност.
„За добрите дела не се зборува. Ова го кажуваме јавно, не да се промовираме туку да го поттикнеме секој кој е во ситуација да може, на кој било начин, да придонесе за поддршка на општеството, тоа да го стори, за да можеме полесно да продолжиме ден подоцна“, се цитира Адемоски.
Во соопштението на МАТТО се набројуваат повеќе донации на фирмите членки за државните институции во справувањето со пандемијата на Ковид-19.
