Admir Fazlagic
08 Август 2018•Ажурирај: 09 Август 2018
СКОПЈЕ (АА) - Сојузот на турските невладини организации во Македонија - МАТУСИТЕБ со нејзините 55 членки – здруженија преку писмена реакција го осудуваат именувањето на поранешниот заменик министер за надворешни работи на Косово Ѓерѓ Дедај, како амбасадор на Република Косово во Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ние како Сојуз на турските невладини организации – МАТУСИТЕБ со нејзините 55 членки – здруженија најостро го осудуваме именувањето на поранешниот заменик министер за надворешни работи на Косово Ѓерѓ Дедај, како амбасадор на Република Косово во Македонија, лице познато по неговите анти – турски и анти – исламски ставови кој во една негова изјава упати тешки навреди до Турција и турците во регионот. Неприфатлив е ставот да лице кое ги навреди Турција и турците во регионот, кое употреби фашистички и рацистички изјави и кое наводно беше разрешено од должност, сега да биде назначен на нова дипломатска функција", се вели во реакцијата на МАТУСИТЕБ и се додава:
„Сметаме дека именувањето на лице познато по неговите анти – турски и анти – исламски ставови, кое токму поради неговите изјави кои ширеа гнев и омраза беше разрешен, кое наиде на остри реакции во пријателската земја Косово, како амбасадор во земја како Република Македонија која ги негува мултирелигиозните, мултинационалните и мултикултурните вредности, не се совпаѓа со дипломатските правила, дипломатските односи и меѓународното право", се наведува во рекцијата.
Исто така, од МАТУСИТЕБ порачуваат дека се крајно загрижени поради именувањето на Дедај за амбасадор на Косово во Македонија.
„Крајно сме загрижени од фактот дека лицето познато по своите горенаведени недолични ставови е назначен за амбасадор во Македонија, земја во која разните етнички заедници живеат во соживот и спокој, каде што со векови било присутна турско-исламската цивилизавија и чиј народ негува особена чувствителност кон националните и духовните вредности", се истакнува во реакцијата.
Писмената реакција на МАТУСИТЕБ е испратена до претседателот на Република Македонија Ѓеорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Исто така, Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) вчера испрати писмена реакција до претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и министерот за надворешни работи Никола Димитров во врска со назначувањето на Ѓерѓ Дедај за амбасадор на Косово во Република Македонија.