Admir Fazlagic
13 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
СКОПЈЕ (АА) - Девет мигранти без документи за идентификација и возачот, 19-годишник од Скопје кој ги превезувал во патничко возило, вчера во близина на Демир Капија биле запрени и приведени во Полициска станица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Македонија, вчера во попладневните часови, на клучката село Миравци, полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Во близина на тунелот и мостот на реката Вардар кај Демир Капија возилото застанало и од него излегле повеќе лица, по што продолжило со движење кон Демир Капија.
„Кога возилото се исклучило од автопатот било запрено од полициските службеници. На местото биле затекнати девет лица - мигранти, без документи за идентификација. Возачот Е.И. и мигрантите биле приведени во Полициска станица за понатамошна постапка“, се вели во соопштението на МВР.
Сè уште не е соопштено од која држава се фатените мигранти.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.