Ivana Ramadanova
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски по повеќечасовната средба помеѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ и еврокомесарот Јоханес Хан заедно со тројцата европратеници изјави дека се задоволни од средбата на која што имале искрен и конструктивен разговор, јавува Anadolu Agency (AA).
Милошоски рече дека на средбата разговарале за потенцијалната опасност која би можела да настане доколку кризата се решава со насилство.
Тој на пресконференцијата пред новинарите истакна дека на средбата со Хан презентирале два начина за надминување на моменталната криза во Македонија
„Првиот е лидерот на СДСМ, Зоран Заев да формира влада, но да се откаже од Платформата на албанските партии која тие ја застапуваат. Втората опција е нови парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со локалните, кои ќе бидат патоказ за идното движење на Македонија", истакна Милошоски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во институциите на системот за добробитот на земјата.
Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, денеска допатува во официјална посета во Скопје заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, каде што се состанааа со лидерите на политичките партии кои имаат обезбедено пратенички места во Собранието на Македонија, со цел да направат уште еден обид за излез од политичката криза.