Zülfiya Yakup
15 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
ПРИШТИНА (АА) - Косовската министерка за дијалог Едита Тахири соопшти дека државата Косово од денеска има меѓународен телефонски код 383, што беше официјално доделен од страна на Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ), пренесува Anadoly Agency (AA).
Како што беше најавено од страна на Владата на Косово, ИТУ во согласност со Договорот за телекомуникации објави телефонски код за Косово.
„Оваа вест е историско достигнување во областа на телекомуникациите и го зајакнува меѓународниот субјективитет на Косово", истакна министерката Тахири.