Agim Sulaj
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово починаа тројца пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 622, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 47 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 15.472.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 525 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 65.979 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 13.278 лица. Моментално има 1.572 активни случаи.