Bojana Stojanovic
28 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија едно лице почина од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа, а овој вирус е детектиран кај уште 30 лица. Денес во оваа земја се хоспитализирани 279 пациенти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Досега во Србија се детектирани 33.414 лица позитивни на коронавирусот.
Во последното деноноќие тестирани се 5.268 лица, при што кај 30 од нив е детектиран Ковид-19.
Во изминатите 24 часа почина едно лице, со што вкупниот број на смртни случаи во Србија се зголеми на 748. Процентот на смртност во земјата изнесува 2,24 %.
Во моментот на респиратори се 20 пациенти.
Досега во Србија се тестирани 1.120.363 лица.