Dzihat Aliju
23 Февруари 2026•Ажурирај: 23 Февруари 2026
ДОЛНЕНИ (AA) – Општина Арнавуткјој од Истанбул, Турција, организираше ифтарска програма во Општина Долнени во Северна Македонија, јавува Анадолу.
На ифтарот со тема „Трпеза на братство од Арнавуткјој за Балканот“, на кој присуствуваа околу илјада граѓани, беше и претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши, вицепремиерот Беким Сали, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој, како и пратеници, политичари, бизнисмени и бројни гости.
Во своето обраќање, Гаши потсети дека неодамна бил гостин во Општина Арнавуткјој и дека со градоначалникот Мустафа Џандароглу разговарале за организирање заеднички ифтар. Тој ја нагласи важноста од средбата со граѓаните во Долнени, каде што вакви настани досега не биле организирани.
- „Ќе продолжиме да го негуваме наследството на братството и правдата што сме го наследиле од нашите предци“ -
Градоначалникот на Општина Арнавуткој, Мустафа Џандароглу, во својот говор ги истакна духовните врски меѓу Балканот и Турција. „Причината зошто сме денес тука е показател за нашата историска одговорност. Ќе продолжиме да го одржуваме живо наследството на братството и правдата што сме го наследиле од нашите предци“, рече тој.
Градоначалникот на Општина Долнени, Блерим Ислами, нагласи дека на оваа ифтарска трпеза не се дели само храна, туку се зацврстува и голема пријателска врска. Тој информираше дека со посредство на претседателот на Собранието, Гаши, започната е иницијатива за збратимување меѓу општините Арнавуткјој и Долнени, што ќе биде основа за посилна соработка и солидарност.
Во рамки на програмата што Општина Арнавуткој ја реализира низ Балканот, целта е да се обезбеди ифтар за околу 16 илјади луѓе.