Mustafa Talha Öztürk
01 Април 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
БЕЛГРАД (АА) - Најмалку 8 рудари загинаа, а 30 се повредени утринава во несреќа во рудник за јаглен во Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Српската државна телевизија објави дека дел од јамата се урнал во рудникот Соко во близина на градот Соко Бања на истокот на земјата.
Според извештајот, дошло до експлозија на гасот метан при што се урнале делови од окното на рудникот оставајќи некои рудари заробени.
Вкупно 65 рудари се спасени.
„Повеќе од 20 се повредени“, изјави Родољуб Живадиновиќ, директор на Здравствениот дом Алексинац каде што рударите се донесени на лекување.
„Сите операции кои не се итни се откажани“, изјави Горан Видиќ, директор на Општата болница Алексинац, друга болница во регионот.
„Овде ситуацијата е тешка, има и роднини, луѓето се вознемирени. За жал, ова не ни е прва несреќа. Алексинац и неговата околина се познати по тоа, сега се повтори“, изјави Видиќ.
Во тек е спасувачка операција бидејќи останува нејасно колку луѓе се заробени под земја.