Fatjon Cuka
25 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
ТИРАНА (АА) – Во Албанија се затворија гласачките места за парламентарните избори, според распоредот продолжен од страна на Централната изборна комисија (ЦИК). Гласањето беше продолжено поради празникот Рамазан Бајрам и високите температури кои доведоа до мал одзив во гласањето, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 20:00 избирачките места се затворија во речиси целата земја, додека членовите на комисиите го доставуваат изборниот материјал до Зонските комисии на Изборната администрација. Откако ќе заврши процесот на доставување на гласачките кутии, ќе почне пребројувањето од страна на надлежните екипи.
ЦИК потврди дека од податоците доставени во оваа институција. Вкупниот одѕив на гласачите на изборите изнесува околу 44 проценти.
Во текот на процесот на гласањето се евидентирани неколку инциденти, вклучувајќи блокирање на гласањето во некои избирачки места, расправа помеѓу членовите на комисиите и слично.
Во меѓувреме, ЦИК соопшти дека имало неколку проблеми во процесот на доставување на податоци од членовите на комисиите во избирачките места околу одзивот на гласачите во изборниот процес.
Инаку, според официјалните податоци на ЦИК, граѓаните со право на глас гласаа на 5362 избирачки места. Граѓаните имаа право да гласаат за 140 пратеници во новиот законодавен дом на Албанија. Парламентарните избори беа следени од 5351 набљудувач, од кои 896 се од меѓународните мисии за набљудување.
На овие избори учествуваа 18 политички партии, кои имаа пријавено 2.666 кандидати за пратеници.