ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора денес се одржуваат парламентарни избори на кои граѓаните ќе го изберат новиот состав на Собранието што брои 81 пратеник. Избирачките места се отворени во 7:00 часот, а граѓаните ќе можат да го искористат своето избирачко право до 20:00 часот. Право на глас имаат 542.468 граѓани, јавува Анадолу.
На парламентарните избори ќе учествуваат 15 листи.
Како што е одлучено со ждрепка, на гласачкото ливче прва ќе биде „Јасно е! - Бошњачката партија - м-р Ервин Ибрахимовиќ“, втора „ХГИ - На вистинската страна на светот!“, а трета „Правда за сите! - д-р Владимир Лепосавиќ“.
Листата на коалицијата на Социјалистичката народна партија и Демос „За тебе“ ќе биде на четврто место, а на петто е коалицијата што ја сочинуваат Вистинска Црна Гора, Демохристијанското движење, Слободна Црна Гора, Демократската српска партија и Движењето за Пљевља под називот „Народна коалиција - сложно и точка“.
На шесто место на листата е Албанската алијанса, коалиција составена од Форца, Демократскиот сојуз, Демократскиот сојуз на Црна Гора и граѓанската група Движење за Тузи, а потоа следуваат листата „Пресврт за сигурна Црна Гора - Срѓан Периќ“ и „Движење за промени - Прво Црна Гора - Небојша Медојевиќ - Реформи за спас на земјата“.
На гласачкото ливче „Да. Ние можеме за граѓанска Црна Гора!“ е на деветто место, а на десетто е коалицијата составена од Демократската партија на социјалистите, социјалдемократите, Демократската унија на Албанците и Либералната партија - „Заедно! За иднината што ти припаѓа - Данијел Живковиќ“.
„Европа сега - Милојко Спајиќ“ е на 11. место на гласачкото ливче, потоа следуваат „СДП - За нашата куќа“, па коалицијата на Граѓанското движење УРА и Демократите „Алекса и Дритан - Храбро се брои !“.
На 14. место на гласачкото ливче е коалицијата на Нова српска демократија, Демократската народна партија и Работничката партија „За иднината на Црна Гора“, а на 15. место Албанскиот форум, кој го сочинуваат Албанска алтернатива, Демократскиот сојуз на Албанците и Националната унија на Албанците, под називот „Албански форум - Ник Ѓелошај 'БЕСА за европски развој'“.
Гласањето на вкупно 1.162 избирачки места го следат набљудувачи на ОБСЕ, претставници на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) и Центарот за демократска транзиција (ЦДТ).
Денешните парламентарни избори се дванаесетти од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, а шести по обновата на независноста.
Прелиминарните резултати од изборите ќе бидат објавени околу 21:30 часот.
news_share_descriptionsubscription_contact
