Ekip
14 Април 2017•Ажурирај: 14 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ), Сулејман ефенди Реџепи, до претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган испрати писмо на поддршка, посакувајќи престојниот референдум, за Турција, Балканот, припадниците на исламската вероисповест и сите угнетени во свет да биде светлост на надеж и нивен водич, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поглаварот на ИВЗ, Сулејман ефенди Реџепи, испрати писмо со поддршка до претседателот Ердоган пред референдумот во Турција кој ќе се одржи на 16 април. Во писмото Реис Реџепи истакнува дека верува во успешното завршување на референдумот, кој во вистинска смисла на слободите и правата, посакува овој референдум за Турција, Балканот, припадниците на исламската вероисповест и сите угнетени во светот, да биде светлост на надеж и нивен водич.
Реџепи во писмото наведува дека денеска во светот се газат човечките вредности, како што се гордоста, честа, се обезвреднуваат животот и материјалните добра и со цел да се добие материјална корист, светот се претворил во чудовиште, но свет кој е зачуден и шокиран од претседателот Ердоган, кој со голема храброст и срце полно верба му рече стоп на „корумпираниот систем”.
Поглаварот на ИВЗ во Македонија, Реџепи, истакнува дека претседателот Ердоган со својот став, во очите на сите угнетени и омаловажени луѓе, особено кај исламскиот свет претставува светски лидер, додавајќи:
„Република Турција која ја наследивте од вашиот претходник беше во голема криза и депресија, но и како премиер, и како претседател, за кусо време успеавте земјата да ја издигнете на врвот, што светот со запрепастување ве следеше. По тој пат напредувавте со голема одлучност и верба, и оние кои не можеа да го поднесат воздигнувањето на Турција, во секоја прилика се фокусираа на спроведување интензивни напади врз неа. Доказ за овие напади кои се со различни форми и облици е насилниот обид за државен удар кој беше изведен на 15 јули, спроведен од страна на ФЕТО, подготвен од 'високите умови'. Но благодарение на милоста и добрината на Господ, вашето лидерство, и несебичната љубов на турскиот народ кон својата држава, оваа катастрофа беше надмината”.
Реџепи, истакнувајќи дека го поддржува претседателот Ердоган околу референдумот во земјата на 16 април со кој Турција вистински ќе се демократизира, вели: „Како во примерот со мравката која му носи вода на Аврам, со цел да покажеме која страна ја поддржуваме, би сакал во мое име, во име на Исламската верска заедница во Македонија и во име на муслиманите од Македонија, да изјавам дека сме со вас до самиот крај”.
Поглаварот на ИВЗ во Македонија, Реџепи, изјави дека верува во успех на референдумот, посакувајќи престојниот референдум, за Турција, Балканот, припадниците на исламската вероисповест и сите угнетени во свет да биде светлост на надеж и нивен водич.