İhvan Radoykov
25 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
СОФИЈА (АА) - Поројните дождови во источниот дел на Бугарија предизвикаа поплави и свлечишта во коишто животот го загубија 4 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Бугарското национално радио објави дека поројните дождови што започнаа синоќа, предизвикаа поплави и свлечишта во коишто 4 лица ги загубија животите, а еден се води за исчезнат.
Поплавени се голем број куќи во селата Полски Извор, Черни Врх, Равнец и Ливада, а предизвикани се и мали хаварии на 7 брани.
Гувернерот на подрачјето Бургас, Вилчо Чолаков, соопшти дека во областа зафатена од поројни дождови, наврнале 170 литри дожд на метар квадратен и дека е прогласен црвен аларм.
Гувернерот Чолаков изјави: „Во свлечиштата предизвикани од поплавите загинаа 4 лица. Еден се води за исчезнат. Количеството дожд што падна во текот на 2 часа е еднакво на количеството дожд што паѓа за период од 1 месец“.
Директорот на противпожарната служба на Бургас, Васил Василев, соопшти дека со цел да им се помогне на селата зафатени од поплавите и свлечиштата, на теренот е испратена 64-члена противпожарна екипа.
Се очекува поројните дождови да го намалат својот интензитет во наредните неколку дена.