Admir Fazlagic
16 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
СКОПЈЕ (АА) - По тешко боледување синоќа почина Абдилаќим Адеми, кој во својата политичка кариера извршувше низа високи државнички функции меѓу кои вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, министер за животна средина и просторно планирање, како и министер за образование и наука на Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Адеми кој беше функционер од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Од 2008 година беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука на Република Македонија.
Исто така, од 2002 до 2006 година, Адеми беше пратеник во Собранието на Република Македонија.
Абдулаќим Адеми е роден е на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево. Дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, а во Германија на Техничкиот универзитет стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали.
Ќе биде погребан денеска на пладне на гробиштата во неговото родно село Шемшово во Тетово.