Abdula Berisha
05 Април 2023•Ажурирај: 05 Април 2023
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, го пречека премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета во Северна Македонија, јавува Анадолу.
Во хрватската делегација заедно со премиерот Андреј Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за надворешни работи.
Хрватскиот премиер и неговата делегација пред Владата на Северна Македонија беа пречекани со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.
Според агендата за официјалната посета на хрватскиот премиер, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.
Исто така, предвидено е двајцата премиери да одржат заедничка прес-конференција.