Fatjon Cuka
20 Мај 2022•Ажурирај: 21 Мај 2022
ТИРАНА (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, реализира официјална посета на Албанија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мишел во рамки на посетата беше пречекан со официјална церемонија од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама.
Церемонијата се одржа пред зградата на Кабинетот на албанскиот премиер во Тирана со учество и на други високи претставници.
По оваа церемонија, Рама и Мишел одржаа средба, а потоа преминаа на состанокот меѓу двете делегации.
По завршување на состанокот, премиерот на Албанија, Рама, и претседателот на Европскиот совет, Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција.