Elena Trenchevska Chekovikj
06 Август 2025•Ажурирај: 07 Август 2025
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, во петок или во сабота ќе ги распише локалните избори што се планирани за наесен, пренесува Анадолу.
„Изборите ќе бидат распишани на 8 или 9 август. Очекувам фер и демократски избори, достоинствена кампања, политичка култура, натпревар со идеи и визија и посветеност кон граѓаните“, потврди Гаши за локален медиум.
Гласањето за општинските совети и првиот круг за избор на градоначалници ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг ќе биде на 2 ноември.
Најдоцна 35 дена пред локалните избори партиите ќе треба да ги пријават своите кандидати за градоначалници и советници во општинските изборни комисии.