Admir Fazlagic
12 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој денеска престојува во работна посета на Република Македонија, пред платото на Владата на Република Македонија беше пречекан од премиерот на оваа земја, Зоран Заев, јавува Anadolu Agency (AA).
По пречекот, косовскиот претседател, Тачи, и премиерот на Македонија, Зоран Заев, ја започнаа средбата што се одржува во Владата на Република Македонија.
Според најавата од Владата на Република Македонија, по завршувањето на средбата, претседателот Тачи и премиерот Заев ќе одржат заедничка конференција за медиумите.