Agim Sulaj
20 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Граѓаните на Приштина, во самоизолација од коронавирусот (Ковид-19), протестираа од балконите на нивните станови за да искажат незадоволство од неодамнешните политички случувања во земјата, кои се одвиваат истовремено со ширењето на пандемијата, јавува Агенција Анадолија (AA).
Со садови, клучеви, различен куќен прибор и со свирежи, бројни граѓани неколку минути без прекини правеа бучава.
Протестот беше инициран од група наречена „Реплика“ преку социјалните мрежи, каде повеќе од две илјади луѓе првично ја прифатија поканата да се приклучат на протестот.
„Во време кога сите треба да бидат обединети и да се ангажираат за управување со ситуацијата предизвикана од пандемијата Ковид-19, косовските политичари ја злоупотребуваат својата политичка моќ да создадат драма и несигурност, во време кога земјата треба да се мобилизира против пандемијата на вируси“, се вели во најавата за протестот.
Според нив, учествувањето во овој протест има за цел „барање од сите политички партии и институционалните лидери во Косово да одразат на создадената состојба и паниката што ја доживува секој граѓанин на Косово“.
Вчера, косовскиот премиерот Албин Курти го разреши министерот за внатрешни работи и јавна администрација, Агим Велиу, бидејќи, како што рече премиерот, ширел непотребна паника за пандемијата кај граѓаните. По разрешувањето, партијата на министерот Велиу, Демократски сојуз на Косово, рече дека ќе иницира гласање за недоверба на владата.
Досега во Косово, од повеќе 300 тестирани примероци, 21 лице се дијагностицирани со новиот коронавирус Ковид-19.