Zülfiya Yakup
08 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
ПРИШТИНА (AA) - Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли вечерва потврди дека е издадена дозвола на претседателот на Србија Александар Вучиќ, во текот на посетата на Косово, да го посети и езерото Газиводи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пацоли за приштинскиот портал Kallxo.com изјави дека дозволата за посета на езерото Газивода, во општината Зубин Поток, е издадена вечерва по големиот притисок на сојузниците од Европската унија.
„Немавме друг избор", рече Пацоли.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашната конференција за новинари во Белград изјави дека за викендот ќе го посети Косово и дека посетата ќе ја започне со посета на езерото Газивода, но не наведувајќи дека добил дозвола и за Газивода.