Adel Ömeragiç
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
ПОДГОРИЦА (AA) - Околу две стотини граѓани денеска се собраа во Подгорица пред Собранието на Црна Гора, на протест против членството на Црна Гора во НАТО. Порачано е дека изгласувањето на ваквата одлука во Собранието би било кршење на Уставот, а побарана е и оставка од Владата, јавува Anadolu Agency (AA).
Собраните граѓани на почетокот на протестот го блокираа Булеварот на Свети Петар Цетињски, после што тргнаа обраќањата на организаторите на протестите.
Порачано е дек прашањето на влегување на Црна Гора во НАТО е прашање на војна или мир, слобода или ропство. Собраните носеа транспаренти со натписите „Не во НАТО, крвави ви се рацете, смрт за фашизмот, слобода за народот" ....
Мирсад Кургаш, граѓански активист, рече дека граѓаните сами ќе одлучат за својата судбина и судбината на државата.
„Првин да кажам дека не има сосема доволно. Ние покажуваме дека ние одлучуваме за судбината на нашата земја, односно за влегување на Црна Гора во НАТО сојузот. Тоа што тука не се присутни претставниците на опозицијата, наведува на помислата дека некои договори се веќе направени", рече Кургаш.
Веско Пејак, основач на организациајта Алтернатива, рече дека Собранието на Црна Гора не може да го ратификува влегувањето на Црна Гора во НАТО сојузот, бидејќи актуелниот режим нема мнозинство.
Денешниот протест го организираа невладините организации Алтернативна на Црна Гора, Движењето за неутралност и Движењето слобода за народот.
Опозицискиот Демократски фронт најави голем протест против членството во НАТО, на денот кога црногорскиот парламент ќе гласа за влегување во овој воен сојуз.