Ekipa
12 Октомври 2017•Ажурирај: 13 Октомври 2017
ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, рече дека Албанците ја гледаат Турција како земја од регионот која се обидува да ја игра сопствената улога, без да им се наметнува на балканските земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Рама во интервјуто што го даде за италијанскиот дневен весник „La Repubblica“ (Ла република) зборуваше на повеќе теми, меѓу кои и за Турција, интеграцијата на Албанија во ЕУ и за улогата на САД и на Русија на Балканот.
„Ние Албанците, ја гледаме Турција како земја од регионот која се обидува да ја игра сопствената улога, без да им се наметнува на балканските земји. Таа е земја врзана со европско-атланските перспективи. Русија има врска со Србија и со земјите од словенскиот свет, но изгледа дека таа поврзаност ја користи како шаховска фигура за своите стратешки интереси. На глобално ниво, си игра со Балканот со цел да си ги загарантира нештата во односите со Европа и со САД”, процени Рама.
Зборувајќи и за улогата на САД во регионот, Рама истакна:
„Нивната (на САД) улога е суштинска. По 40-годишниот албански тоталитарен комунизам и опсесијата против империјализмот и Америка, албанскиот народ разви длабок копнеж по американските и европските либерални вредности. Ненадминлива е улогата на САД во воспоставувањето рамнотежа во нашиот регион“.