Admir Fazlagic
05 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Цутот на јапонските цреши кој деновиве е интензивен создава бајковита атмосфера низ градските улици и паркови низ Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Богатиот цвет на цреша кој е еден од најубавите во природата, како и прошетката по паднатите ливчиња создаваат несекојдневно чувство кај минувачите, односно граѓаните на Скопје.
Градот Скопје во изминатите години засади околу 300 садници од ова листопадно дрво на територијата на Скопје.
Обично, јапонската цреша, чие оригинално име е Сакура, цути кон крајот на март или почетокот на април.