Mustafa Talha Öztürk
08 Декември 2022•Ажурирај: 14 Декември 2022
БЕЛГРАД (АА) - Руската воена компанија „Вагнер“ денеска објави дека отворила културен центар во главниот град на Србија, Белград, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во своето соопштение, групата на воени платеници истакнува дека Центарот за пријателство и соработка ќе се фокусира на јавната дипломатија како нејзина мисија за зајакнување и развивање на пријателските односи меѓу Русија и Србија со помош на „меката моќ“.
Центарот „Орли“, според соопштеното, ќе биде вклучен во информациска конфронтација со руските либерали кои дошле во Србија и кои работат против Москва.
Центарот ќе го води Александар Лисов, член на „Вагнер“, кому му е забранет влезот во Косово.
„Вагнер“ одигра голема улога во војната во Украина, како и во анексијата на Крим во 2014 година.