Senita Sehercehajic
21 Ноември 2024•Ажурирај: 21 Ноември 2024
САРАЕВО (АА) - Снегот што почна да паѓа во текот на денот во поголемиот дел од Босна и Херцеговина, во вечерните часови го прекри и главниот град Сараево, јавува Анадолу.
Иако предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот во најфреквентниот дел од денот, кога голем број граѓани се враќаат дома од работа, училиште и факултет, првиот снег сезонава донесе идилични глетки на улиците на Сараево.
По период на интензивно загадување, снежните врнежи донесоа нешто почист воздух во градот.
Според прогнозата, утревечер во Сараево се очекуваат нови врнежи.