Husamedin Gina
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Северна Македонија регистрирани се 133 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 308.752, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавено е едно починато лице од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.263.
Институтот за јавно здравје регистрира 156 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 298.688.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 801.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.833 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.999.002 тестирања.