Furkan Abdula
13 Февруари 2021•Ажурирај: 14 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 357 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 96.518, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 5 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.976.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 122 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 87.446.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 6.450.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.121 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 485.147 тестирања.