Husamedin Gina
03 Август 2022•Ажурирај: 04 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 178 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 329.172, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дадениот период пријавени се 2 починати лица од последици предизвикани од Ковид-19.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две лица починати во периодот од 13-23.07.2022 година.
Досега, како последица на коронавирусот во земјата починаа 9.381 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 592 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 315.675.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 4.116.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.238 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.121.690 тестирања.