Admir Fazlagic
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа од последиците на коронавирусот (Ковид-19) починати се 17 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 2.473, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 498 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 82.301.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 606 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 60.256.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 19.572.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.467 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 396.797 тестирања.