Admir Fazlagic
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 156 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 4.820, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, регистрирани се 6 смртни случаи со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 во земјата се искачи на 222.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.863, а во моментов бројот на активни случаи со овој вирус во земјата изнесува 2735.
Во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирања на овој вирус.