Abdula Berisha
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 129 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус се искачи на 9.797, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче, на својата официјална страница во Фејсбук соопшти дека починале 6 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 451.
Тој исто така соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус изнесува 5.254.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 4.092.
Министерот за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.535 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 92.550 тестирања.