Husamedin Gina
12 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија, во изминатите 24 часа регистрирани се 140 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 15.694, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека се починати уште 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 646.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 13.128.
Во моментот активни се 1.920 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.507 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 164.639 тестирања за Ковид-19.