Ekipa
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 407 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што е зголемена вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 93.160, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 7 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.873.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 399 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 82.520,
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 7.767.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.540 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 459.559 тестирања.