Admir Fazlagic
24 Април 2021•Ажурирај: 25 Април 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 564 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 150.274, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 22 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.650.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.357 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 128.496.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 17.128.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.526 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 707.095 тестирање.