Admir Fazlagikj
26 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 6 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.669, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани смртни случаи, а билансот на починати од овој вирус во земјата е 5.484.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 4 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 149.950.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 235.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.147 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 870.380 тестирања.