Admir Fazlagic
04 Мај 2021•Ажурирај: 05 Мај 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 67 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 152.814, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот пријавени се 31 починато лицa. Билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.992.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 782 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 134.653.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 13.169.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.169 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 726.409 тестирања.