Admir Fazlagic
15 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 890 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 145.001, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 35 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.357.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.024 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 120.707.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 19.937.
Досега во земјата се направени вкупно 681.272 тестирања на Ковид-19 од кои 3.284 во последните 24 часа.