Admir Fazlagic
19 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 999 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 117.437, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 21 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.424.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 711 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 99.837.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 14.176.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.761 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 582.489 тестирања.