Admir Fazlagic
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 1.237 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 52.449, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати 39 лица, со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 1.462.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени лица од овој вирус во земјата се искачи на 30.952.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 20.035.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.200 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 306.481 тестирања на овој вирус.