Admir Fazlagic
28 Април 2021•Ажурирај: 29 Април 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 447 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 151.569, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 30 лицa, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.772.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 620 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 131.530.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 15.267.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.034 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 716.173 тестирања.