Admir Fazlagic
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Под мотото „Стоп на насилството врз сексуалните работници“ денеска во Скопје во присуство на околу стотина учесници се одржа маршот на црвените чадори по повод 17. декември - Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници, јавува Anadolu Agency (AA).
Маршот беше организиран од граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“ од каде порачаа дека со денешниот марш сексуалните работнички го креваат гласот против насилството врз нив.
Истакнаа и дека тие повеќе од една деценија се борат за своите права.
Според организаторите бројката којашто ја наведуваат медумите дека во Македонија има од 3.000 до 4.000 сексуални работници не е реална, туку, како што велат, таа е многу поголема.
Сексуалните работнички со црвени чадори и со маски на очите, меѓу другото, порачаа да престане насилството врз нив, а институциите и полицијата побараа да ги заштитат. Исто така, апелираа да престанат предрасудите кон нив.
Инаку, ова е десетии пат досега, во Скопје да се одржи марш на црвените чадори, со кој сексуалните работнци ги бараат своите права.