Ahmet Nurduhan,Almir Terzic
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
САРАЕВО (АА) - Словенија во вчера прогласи 33 руски дипломати за персона нон грата како дел од солидарноста со Украина поради војната на Русија во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Словенија соопшти дека одлуката за протерување на дипломатите е со цел да дејствуваат „во хармонија“ со другите европски земји.
Се истакнува дека на руските дипломати им се дадени 10 дена да ја напуштат Словенија.
Словенија им се приклучи на бројни европски земји, меѓу кои Франција, Германија, Холандија, Данска и Шведска кои ги протерале руските дипломати во последните денови.
Војната на Русија во Украина, која започна на 24 февруари, предизвика меѓународен гнев, при што Европската Унија, САД и Велика Британија, меѓу другите, воведоа строги финансиски санкции кон Москва.