Abdula Berisha
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
СКОПЈЕ (АА) - Собранието на Република Северна Македонија, по собраниската расправа која траеше речиси 10 часа, ги усвои предлозита на Владата за рашрешување на неколку министри од актуелниот владин состав, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу разрешените функционери се Хазби Лика, вицепремиер задолжен за спроведување Рамковен договор и политички систем, Драган Тевдовски, министер за финансии и Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа.
За разрешувањето на Лика и Тевдовски гласаа 64 пратеници, а немаше ниту еден глас против или воздржани. Што се однесува до министерот Фазлиу, 64 пратеници гласаа „за" а имаше и еден глас против.
Собранието на Северна Македонија брои вкупно 120 пратеници, додека за разрешување на владини функсионери се потребни пласовите на најмалку 61 пратеници.
Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, во својот говор им се заблагодари на министрите за нивниот придонес, истакнувајќи дека следуваат храбри одлуки за „дополнителни придобивки" за граѓаните во социјалната сфера и во делот на земјоделството.
По говорот на премиерот Заев, следуваше жестока дебата помеѓу власта и опозицијата, која обвинуваше дека не се направени вистинските разрешувања во извршната власт.
Бројни обвинувања имаше и за предлогот премиерот Заев да ја извршува и функцијата на министер за финансии, за што имаше и негативно мислење и од Државна комисија за спречување на корупција. Премиерот ја повлече таа одлука, но поради долгото траење на дебатата, именувањата на новите функционери е одложено за следните денови.
Поради разрешувањето на министерот Фазлиу, кој доаѓа од редовите на Националната Демократска Преродба (НДП), од оваа партија најавија дека се повлекуваат од владината коалиција и дека ќе поднесат оставки сите носители на јавните функции кои доаѓаат од оваа политичка партија, вклучително и потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди.
Освен разрешените министри, тројца други министри поднесоа оставка од функцијата. Станува збор за Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство; Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање и на Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.
Оваа владина реконструкција беше најавена од премиерот Зоран Заев во текот на кампањата за претседателските избори одржани на 21 април и 5 мај оваа година. По изборите, Заев истакна дека ја примиле пораката од гласачите, односно дека се потребни промени во кадровската политика на власта.