Bojana Stojanovic
09 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во привремената болница за Ковид-19 во белградска „Арена“ се сместени 409 пациенти, а оваа болница може да прими уште 101 пациент, изјави координаторот на Арената, Вадо Батножиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според неговите зборови, вчера се примени 31 пациент кај кои се работи за потешка клиничка слика.
„Најмладиот пациент има 17, најстариот 86 години, а околу 250 болни лица се на кислородна терапија“, прецизираше Батножиќ за телевизија „Пинк“.
Досега од последиците на Ковид-19 починаа 890 лица, а вкупно се регистрирани 62.747 случаи на заразување, покажуваат последните официјални податоци.