Bojana Stojanovic
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа две лица, заразени се уште 76, а до денес се хоспитализирани 579 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 31.482 случаи на вирусот.
Од вчера, тестирани се 7.509 лица, од кои 76 се позитивни на Ковид-19.
Во изминатите 24 часа починаа уште две лица, со што бројот на починати се зголеми на 715. Процентот на смртност е 2,27 отсто.
На респиратор се наоѓаат 48 пациенти.
Досега се тестирани 938.546 граѓани.