Bojana Stojanovic
07 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во изминатите 24 часа од коронавирусот починаа 13 лица, што е најмногу од почетокот на епидемијата во земјата, а заразени се 299 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно регистирани се 16.719 случаи, а во земјата има 2.942 активни случаи.
Од вчера, тестирани се 8.287 лица, од кои 299 се позитивни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа починаа уште 13 лица, со што бројот на досега починати порасна на 330. Процентот на смртност е 1,97 отсто.
На респиратори се приклучени 110 пациенти.
Досега тестирани се 455.604 граѓани.