Bojana Stojanovic
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
БЕЛГРАД
Во Србија уште осум лица починаа од последиците на Ковид-19 во претходните 24 часа, а заразени сѐ уште 379 лица. До денес се хоспитализирани 4.531 лица во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 24.520 случаи на заразување.
Од вчера, тестирани се 9.817 лица, од кои 379 се позитивни на Ковид-19.
Во претходните 24 часа, починаа уште осум лица, со што бројот на починати до сега се зголеми на 551. Процентот на смртност изнесува 2,25 отсто.
На респиратори се поврзани 156 пациенти. До сега се тестирани 641.091 лица.